Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито и првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, имаа кратка дискусија за време на состанокот на клубовите од Серија А, пренесува Тутоспорт.

Причината за видео конференцијата беше да се најде решение за прекинатата сезона, поради пандемијата на коронавирусот. Според весникот, Лотито најстојувал дека првенството би можело да се продолжи, со надеж дека неговиот тим ќе може да стигне до Скудетото, но со него не се сложуваат останатите преставници на клубовите.

„Дали ги имате видено податоците, ова заминува! Јас тоа го знам, бидејќи разговарам со експертите, оние на линијата на фронтот, а не со лекарите на фудбалските тимови“, рекол сопственикот Лацио.

Неговиот колега од Јувентус, Ањели, веднаш и реплицирал:

„Секако. Сега станавте и експерт за вируси“.