Младиот фудбалски репрезентативец, Анатолиј Петејчук, и официјално го потпиша првиот професионален договор со лидерот Вардар. Тој денеска стави потпис на 2,5-годишен договор со скопските „црвено-црни“.

17-годишниот Петејчук игра на десната бековска позиција и е еден од младите надежи на нашиот најтрофеен клуб.

„Да се биде дел од најтрофејниот клуб во Македонија за мене преставува огромна чест и се разбира голема среќа, бидејќи навистина е многу тешко да се стигне до првиот тим на Вардар. Ова е најубавото чувство кое еден фудбалер може да го има. Морам да кажам дека атмосферата во клубот и одличните тренинзи и услови се заслужни за успехот на Вардар, а тоа се гледа и од моменталната позиција на табелата. Ова е само почеток на моите замисли. Секогаш може и подобро, а со моите настапи и напредок се надевам дека ќе добијам шанса во составот до крајот на сезоната“, изјави за Спортмедиа, младиот Петејчук.