По вторпат негативен тестот на Меркел за коронавирус

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По вторпат негативен тестот на Меркел за коронавирус

И вториот тест на германската канцеларка Ангела Меркел е негативен на коронавирус, соопштија од нејзиниот кабинет.Таа од неделата е во самоизолација затоа што била во контакт со доктор, кој е заразен од вирусот.

Првиот тест на канцеларката во понеделникот беше негативен.

„Таа е добро и од дома телефонски разговара со претставниците на меѓународната заедница“, рече портпаролот Штефан Зајбер.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата