Вики прозборела за Ѓорѓе Давид! Додека тој ги чека резултатите за корона вирус, еве што се зборува меѓу “Ѕвездите на Гранд“

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вики прозборела за Ѓорѓе Давид! Додека тој ги чека резултатите за корона вирус, еве што се зборува меѓу “Ѕвездите на Гранд“

Вики Миљковиќ се огласила по повод ситуацијата која му се случила на Ѓорѓе Давид, истакнувајќи дека се труди да мисли позитивно, бидејќи се води според поговорката, какви ти се мислите таков ти е животот. Открива дека во групата во кои е таа и останатите членови на жирито, се допишуваат, си даваат подршка и си испраќаат позитивна енергија

- Што да кажам, знаев се. Ѓорѓе ни се јави пред три дена дека е хоспитализиран и дека има запаление на белите дробови. Знаеме дека е префрлен во Клинички Центар и дека е тестиран на корона вирус. Не сакам да кревам фама и паника, искрено мислам позитивно и негувам надеж дека не е она од кое сите се плашиме. Навистина мислам дека не она на кое се сомневаме, ќе дознаеме наскоро бидејќи Ѓорѓе е тестиран, рекла пејачката и додала дека изолацијата по повод новонастанатата ситуација во земјата воопшто не и паѓа тешко, и дека сега има повеќе време да се посвети на себе и на најмилите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата