Овој ќе лежи до 12 ГОДИНИ ЗАТВОР заради ширење зараза со корона вирусот

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Овој ќе лежи до 12 ГОДИНИ ЗАТВОР заради ширење зараза со корона вирусот

С.В. (47), кој денес нападнал лекар и медицински персонал во карантин во Крагуевац, е заразен со коронавирус и постои можност дека заразил дури 5 лица во инцидентот, пишува белградски Информер. Според весникот, тој бил тестиран денес и се покажало дека е позитивен на корона вирусот.

Доколку ова сомнение се докаже како точно, односно С.В. ги инфицирал медицинските лица му се заканува затвор до 12 години. Потсетиме, претседателот на Србија Александар Вучиќ даде изјава за овој драматичен настан денес од Крагујевац.

- Имавме случај во Крагуевац, физички силен човек. Се пријавувал во Легијата на странците па не билпримен навремено. Нападнал двајца медицински техничари - на едниот му ја скинал маската, а другиот физички да нападнал. На крај беше поразен од двајца војници. Што правиме сега ако после тестирањето откриеме дека нападнатите се заразено ? Тој го направи тоа во карантин а ја слушнав и неверојатната причина дека го сторил тоа бидејќи неговиот роденден бил утре - изјави Вучиќ денес.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата