Чулев: Еден милион денари – донација од АВМУ за заштитна опрема за полициските службеници

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чулев: Еден милион денари – донација од АВМУ за заштитна опрема за полициските службеници

МВР доби донација од АМВУ еден милион денари, а министерот Чулев на својот фејсбук-профил напиша:

Еден милион денари – донација од АВМУ за заштитна опрема за полициските службеници

Договор за донација во висина од еден милион денари потпишавме денес со првиот човек на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски. Со договорот Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донира на Министерството за внатрешни работи еден милион денари кои ќе бидат искористени за набавка на средства и опрема за извршување на активностите на министерството за превенција, спречување и ширење на корона вирусот.

Oвој денешен чин, донацијата од еден милион денари што министерството ја добива од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во насока на натамошно обезбедување разни заштитни средства за потребите на полициските и други службеници на министерството е еден одличен пример за меѓусебна поддршка и помагање во реализирањето на заедничките цели за заштита на нашите граѓани и на нашето општество.

За нас е значаен овој потег на Агенцијата, не толку заради фактот што добиваме одредена финасиска поддршка, туку многу повеќе заради фактот што се почитува и вреднува улогата и досегашните напори на полицијата во справувањето со епидемијата.

Во свое и во име на министерството за внатрешни работи уште еднаш изразувам благодарност до нашите пријатели од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за несебичната и значајна помош која што се разбира е повеќе од добредојдена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата