Нова алармантна бројка од Италија – Со коронавирус заразени 5.000 лица од МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нова алармантна бројка од Италија – Со коронавирус заразени 5.000 лица од МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ

Уште една висока и алармантна бројка доаѓа од Италија, а се однесува на заразениот медицински персонал со новиот коронавирус.

Како што пренесува италијанската новинска агенција „АНСА“ до сега во Италија со новиот коронавирус Ковид-19 заразени се околу 5.000 лица од медицинскиот персонал.

Здраствениот синдикат “Assomed Anaao” повика на медицинскиот персонал кој што е во првите борбени линии веднаш да им се обезбеди заштитна опрема.

Инаку, бројот на починати од коронавирусот во Италија се искачи на 6.820 лица, а заразени се повеќе од 69.000.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата