Њуман: Платив 9.000 долари за да ме тестираат и не ми ги дадоа резултатите од тестот

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Њуман: Платив 9.000 долари за да ме тестираат и не ми ги дадоа резултатите од тестот

Познатиот актер Даниел Њуман вели дека платил скоро 10 000 американски долари за да се тестира за вирусот корона, бидејќи според него бил во контакт со заразени лица и исто така добил и некои од симптомите на вирусот.
Сепак, актерот кој стана познат во реализацијата на „Опкружен со мртвите“ не го добил одговорот за својата загриженост бидејќи не му овозможиле да се тестира по редовен пат па се тестирал за свои пари.

Како што сподели со следбениците на Инстаграм, за тестирањето платил 9.116 долари, што е 8.426 долари.

- Бев во Австралија каде бев во контакт со заразени лица и потоа добив некои симптоми - вели Даниел велејќи дека се јавил во болници и центрите за итна медицинска помош при пристигнувањето во Америка, но дека никој не му одговорил.

„Дури по неколку обиди дојде службата за итни случаи да потврди дека моите симптоми одговараат со симптомите на вирусот корона“, сподели тој со своите следбеници на Инстаграм.

Како што изјави, за тестирањето морал лично да плати.

- Откако ме тестираа и платив големи пари, ми беше кажано дека владата не дозволува обработка на резултатите од моите тестови бидејќи имам благи симптоми. Тие рекоа дека не обработуваат тестови на лица со сериозни симптоми, тестовите на стари лица и оние кои биле во странство - вака актерот ги извести луѓето на Инстаграм со фотографија од болницата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата