Двајца пациенти со коронавирус на Инфективна веќе ја примаат НОВАТА ТЕРАПИЈА

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца пациенти со коронавирус на Инфективна веќе ја примаат НОВАТА ТЕРАПИЈА

Двајца пациенти заболени од ковид-19 на Инфективната клиника ја примаат новата терапија која е комбинација што ја содржат лековите хидроклор и азитромицин, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Во Македонија 177 лица се заболени од ковид-19, а тројца починаа.

Филипче соопшти дека е во тек кардиолошка анализа, бидејќи лекот има и една контраиндикација и не се дава на сите пациенти.

На оваа терапија ќе бидат ставени и пациенти кои се лекуваат во домашни услови, но Филипче потенцира дека сите тие терапијата ќе ја примаат во болнички услови и затоа во тек се планови за организирање на системот за транспорт.

Ако има и мала промена во ЕКГ-то тоа значи дека оваа терапија е контраиндицирана, рече Филипче и апелираше до граѓаните да не се обидуваат на своја рака да ги најдат лековите, бидејќи не се работи за терапија без несакани ефекти.

Тој ги замоли сите граѓани да не ја земаат терапијата на своја рака.

Оваа терапија е „оф-лејбл“ и не е влезена во препораките на производителот, но се теситира и се дава, бидејќи дала добри резултати, значајно подобрување кај група пациенти за 5 до 7 дена, но по детални кардиолошки анализи. Затоа апелирам не само да не ја земаат на своја рака, туку најмалку пак, како превенција, рече Филипче.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата