ГО ИЗВЛЕКЛЕ ПОДЕБЕЛИОТ КРАЈ: Нападнати полицајци кои интервенирале да смират тепачка

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ГО ИЗВЛЕКЛЕ ПОДЕБЕЛИОТ КРАЈ: Нападнати полицајци кои интервенирале да смират тепачка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(21) и Б.Б.(20), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 16.02.2020 пред угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници пристапиле да ги разделат пријавените кои се расправале и физички се пресметувале, но првопријавениот физички нападнал полициски службеник, а второпријавениот покрај тоа, оштетил и автомобил. Двајцата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата