ГЕРМАНСКИ ЕКСПЕРТ: Го знам коронавирусот и не се однесува вака, НЕШТО ЧУДНО СЕ СЛУЧУВА (ВИДЕО)

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ГЕРМАНСКИ ЕКСПЕРТ: Го знам коронавирусот и не се однесува вака, НЕШТО ЧУДНО СЕ СЛУЧУВА (ВИДЕО)

Доктор Волвганг Водард кој е познат пулмолог и долгогодишен член на СПД во германскиот Бундестаг, е дел од научниците и лекари во Германија кои имаат различно мислење во врска со ширењето на вирусот Ковид 19, познат како корона вирус, како и за мерките за против негово ширење.

Тој има долгогодишно искуство кога станува збор за следење на вирусите, нивното мутирање, како и последиците што ги оставаат. Но, се сомнева дека работите со овој вирус се искристализирани и јасни.

 „Кинеските власти направија нешто големо од ова, одеднаш ова е политички многу важно, надминувајќи ги рамките на вирусологијата. Одеднаш е инсталирано препознавање на лица, се мери температура, клинички термометар го контролира сообраќајот на улиците и сево ова стана толку важно, што доведе до меѓународни последици. Политичарите мора да се борат со тоа да даваат свое мислење, потоа повторно ги повикуваат вирусолозите. Секоја влада ги прашува своите вирусолози и тие потврдуваат дека овој вирус е опасен и бараат тестови за да се помогне мерење на вирусот како во Кина“, смета германскиот лекар.

Науката е уште далеку од научниот консензуз за прашањата околу коронавирусот. Професорот Тим Џеферсон, епидемолог од познатиот институт Кокрана во Рим го споделува истио став како Волвганг.

Др. Водарг ја предводи работната грипа за здравје во одборот „Transparenci Deutschland“

Тој во видеото подолу со превод на српски , изнесува сомневања дека работите со овој вирус не се баш најчисти ниту најјасни.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата