Уште 29 нови случаи на коронавирус во земјава, вкупно 177 лица се заразени

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уште 29 нови случаи на коронавирус во земјава, вкупно 177 лица се заразени

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата.

Од нив 20 се од Скопје, 3 од Куманово, 3 од Велес, двајца се од Прилеп и едно лице е од Дебар.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:  Скопје (108) ;, Дебар (41) – 1 починат;  Куманово (11) – 1 починат, Штип (7); Велес (3); Кавадарци (2); Охрид (2); Прилеп (2); Гостивар (1).

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата