15 ЛИЦА ИЗЛЕЧЕНИ ВО СРБИЈА - Девојка дијабетичар го победи коронавирусот

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
15 ЛИЦА ИЗЛЕЧЕНИ ВО СРБИЈА - Девојка дијабетичар го победи коронавирусот

Во Србија, 15 лица се излечени од коронавирусот, меѓу кои и една девојка од Кикинда која има дијабетес.

Како што пренесува РТС, таа била пуштена дома откако го победила вирусот.

Во Војводина 36 лица биле заразени со вирусот, а 13 се во болница.

Првите три случаи на зараза во понеделникот се појавија во областа Срем, а сите контакти на заразените, кои претежно доаѓаат од територијата на Сремска Митровица, Рума и Стара Пазова, беа ставени во изолација.

Така, коронавирусот е регистриран во сите седум административни области во Војводина.

Досега во Србија се заразени 301 лице, а починаа четири меѓу кои и докторка од Ниш.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата