Redmi K30 Pro нуди одлични перформанси по достапна цена

24.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Redmi K30 Pro нуди одлични перформанси по достапна цена

Xiaomi ги претстави Redmi K30 Pro/K30 Pro Zoom телефоните. Во прашање е наследникот на K20 Pro (во Азија) / Mi 9T Pro (во Европа) моделите. Уредите ги карактеризира кружниот систем на камери на задната страна и pop-up селфи камера.

Redmi K30 Pro го покренува Snapdragon 865 чипсет, заедно со 5G поддршка. Екранот од 6,67 инчи е од AMOLED тип, со 1080p резолуција, HDR10+ поддршка и 60Hz освежување.

Системот на камери на задната страна се состои од 64MP главен сензор, 13MP ултраширок, 5MP макро и 2MP сензор на длабочина. Xiaomi посебно внимание им дава на можностите на зголемување токму на телефото камерата, која кај Zoom верзијата оди до 30x хибридно зумирање. Предната камера од 20MP е сместена во pop-up механизам.

Оние кои сакаат телефото модул, ќе мораат да се одлучат за K30 Pro Zoom верзијата, која 5MP макро камерата ја менува со 8MP телефото сензор со OIS поддршка, со 3x оптички и споменатиот 30x хибриден зум.

Останатите спецификации вклучуваат 8К снимање на видео, IP53 сертификат за водоотпорност, NFC поддршка и Wi-Fi 6. Батеријата е со капацитет 4700mAh, со поддршка за 33W брзо полнење преку USB-C порт. Xiaomi тврди и дека K30 Pro има многу подобар систем на хаптички одзив.

 

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата