iPhone 12 ќе биде одложен за ноември оваа година

24.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
iPhone 12 ќе биде одложен за ноември оваа година

Нови информации се појавија во врска со најпродавниот производ на Apple. Изгледа дека iPhone 12 ќе доцни два месеца со појавувањето на пазарот, во однос на стандардниот распоред на претставување на смартфоните на Apple, кои вообичаено беа претставувани во септември.

YouTube блогерот Jon Prosser, објави на Twitter дека добил дојава за одложување на производството на новиот iPhone и дека поради светската пандемија на коронавирус, наместо во септември или октомври, новиот уред на Apple ќе биде лансиран во ноември. Тоа сигурно ќе ги растажи многубројните обожаватели на iPhone, но сепак, нема да треба долго да чекаат.

Тој објаснува дека иако iPhone 12 е планиран за масовно производство во мај, тоа и натаму нема да биде доволно време за планираното лансирање во септември. До тоа доаѓа бидејќи Apple не ги испраќа директорите од Америка во Кина за да го одобрат завршниот дизајн, бидејќи во сила е забраната за летови, а тоа повторно значи дека фазата во која прототипот веќе требало да биде готов, се уште не е завршена, што предизвикува дополнителни доцнења.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата