КАЗНА од 12 000 евра за тричлено семејство од Битола кое не ја почитувало мерката за САМОИЗОЛАЦИЈА

24.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАЗНА од 12 000 евра за тричлено семејство од Битола кое не ја почитувало мерката за САМОИЗОЛАЦИЈА

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, двајца сопружници од Битола на возраст од 43 и 40 години, заедно со нивното малолетно дете на возраст од 17 години и уште едно лице од Скопје на возраст од 18 години со престојувалиште во Битола на иста адреса со семејството, биле должни во периодот од 14.03.2020 до 28.03.2020 година да бидат во домашна самоизолација и да не го напуштаат своето живеалиште/престојувалиште, бидејќи допатувале од Италија преку Грција.

Но, тие не постапиле според прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемија на заразната болест предизвикана од коронавирус COVID-19 и на 19.03.2020 година го напуштиле домот.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд Битола на трите полнолетни лица да им определи парична казна во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 40 евра.

За малолетното дете, пак, до судијата за деца при Основниот суд Битола е поднесено Барање за поведување подготвителна постапка.​​

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата