Филипче најави: Од утре ќе ја применуваме терапијата која се покажа како успешна против коронавирусот

23.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филипче најави: Од утре ќе ја применуваме терапијата која се покажа како успешна против коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека терапијата која дала успешни резултати во лечење на корона вирусот на многу земји, од утре ќе почне да се користи и во нашата земја.

Со оглед на тоа што во последните денови излегоа повеќе студии дека дава резултати, ја обезбедивме потребната терапија за голем број на наши пациенти. Повеќе публикации покажаа дека дава добри резултати. Од утре па натаму ќе биде дистрибуирана кај сите пациенти кај кои има потреба. Во повеќе земји веќе ја ставија во употреба, и поради тоа ние го правиме истото”, рече Филипче

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата