Заев и Дескоска најавуваат РЕВИЗИЈА НА ПРАВНАТА ДРЖАВА И КОРУПЦИЈА НА ПАРТИИТЕ

22.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев и Дескоска најавуваат РЕВИЗИЈА НА ПРАВНАТА ДРЖАВА И КОРУПЦИЈА НА ПАРТИИТЕ

Мерките кои ги нареди шефот на СДСМ Зоран Заев како обврска на владата да се земат пари од платите на администрацијата и да се делат по 14.500 денари на фирми на кои им е наредено да запрат со својата работа јавноста ја прими со големо негодување и нападите на оваа најава на социјалните мрежи се масовни.

Помеѓу остантото, од правен аспект тоа е незаконски затоа што со законот кој се однесува на работните односи на вработените им е гарантирана 50% од платата во случај на вонредни околности, и не е можно платите на универзитетски професори, наставници, судии, уметници, менаџери и вработени во јавни претпријатиа или агенции, секаде каде е некој вработен во јавниот сектор да се одземе од нивните плати и да им се даде минималец од 14.500 денари за тие пари да се исплатат на сметки на приватни фирми.

Во демократско и пазарно општество никој, никогаш не може да земе приватни пари од некого без негова согласност и да ги даде на друг. Денес вие земате од друг, утре се е можно за секого. Тоа е време на најтврдиот комунизам.

Обврската на државата да плати штета на приватните фирми од областа на транспортот, угостителството, трговијата и туризмот, сектори кои се најмногу погодени од наредбата на владата за прекин на нивната работа, треба да се плати од буџетот за што постојат наменски средства за вакви прилики. Зошто владата тие буџетски пари би ги сочувала за себе, а би натоварила на грбот на административците да платат од свој џеб за штета која настанала заради владина наредба со која тие немаат никаква врска, ниту некој ги прашал дали сакаат свои пари да загубат за владата да одбегне плаќање од буџетска сметка. Тие луѓе плаќаат даноци и придонеси за буџетот. Без оглед на вонредната состојба, законите постојат и мора да се почитуваат. Вонредната состојба не е тука за ревизија на правната држава каде законот е над се, туку само за мерки околу епидемијата.

И од економски аспект, таа мерка не е намалување на финасиската и економска криза меѓу населението. Парите се тие, дали ќе ги земе еден или друг вработен, од фиансниски аспект нема нови пари на пазарот, нема потрошувачка, нема нови даноци за буџетот. Не се сменило ништо, а се земале пари од две плати од најмалку 100.000 луѓе вработени во јавниот сектор.

Ако во јавниот сектор нето плата е околу 30.000 денари, а ќе им се исплатат само 14.500 денари, со тоа владата ќе задржи на сметка околу 25 милиони евра месечно од нето платата. Според изјавите на Заев во секторите кои се оштетени од владината наредба за престанок на работа се вработени околу 50.000 луѓе кои, според Заев, би примиле по 14.500 денари надомест од владата, што е околу 12,5 милиони евра. На владата, по исплатата, ќе и останат на сметка 12,5 милиони евра месечно, или 25 милиони евра - за двата месеци. Ова значи дека државата надвор од закон, не само што ги крати платите на 100.000 вработени, туку и заработува 25 милиони евра од тоа.

Ако сакаат да бидат по ефикасни треба да се оди до крај во овој апсурд, од владата треба да им ја земат целата плата на јавниот сектор, и да ги задолжат со закон секој од нив да даде по 500 евра плус, па со тие пари да се алиментира јавниот сектор и владините трошоци.

Обврска на владата е да намени и исплати средства кон фирмите и семејставата кои имаат економски штети од вонредните и рестриктивни мерки, тоа го планираат и прават сите држави во Европа но, ниту една не донела закон со кој се одзема платата на јавниот сектор за да се даде плата на приватниот сектор. Таков модел се наоѓа само во економијата на Зоран Заев кој имепративно, денес, и нареди на владата да го примени.

Злоупотребата на вонредната состојба зема замав. По Зоран Заев се огласи и министерката за правда Рената Дескоска. Таа најави дека ќе бара укинување на законот за финансирање партии согласно нивниот успех на изборите и партиципарање во парламентот. Закон кој беше поддржан од Европската унија и кој битно придонесе во намалување на корупцијата на политичките партии кои не зависат веќе од тајни мегадонатори кај кои стануваат должници туку приходите им се легални и јавни.

Државата од буџетот за егзистенција на партиите плаќа годишно околу 5-6 милиони евра. Тоа е тројно помалку отколку што годишно плаќа Фондот за иновации, а за три години исплатиле 60 милиони евра, пари кои речиси без исклучок завршија кај спонзори на СДСМ и медиуми блиски до таа владеачка партија. Министерката Рената Дескоска не се откажува од овој финансиски извор на нејзината партија и од овој трошок на буџетот.

Доколку се укине легалното и јавно финансирање на партиите се враќаме на старата состојба а тоа е тајни мегаспонзори на партиите кои, потоа, управуваат со политиката и власта за свои потреби. Тоа е поттикнување на постојана состојба позната и од скандалите именувани како Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3...

СДСМ се на власт, познати се нивните релации и поврзаност со бизнисот, особено со сомнителните тендери и тајните финансирања, па укнувањето на буџетски пари за партиите нема ни да го почувтсвуваат. Имаат многу повеќе од тоа. Леснотијата со која Заев зема приватни пари од 100.000 административци и Рената Десковска која со невидена леснотија темелно го менува политичкиот амбиент во државата говори дека владата и СДСМ не се свесни за ситуацијата, ниту за постулатите на правната држава и демократијата и немаат никаков одржлив план за решавање на кризата во која Македонија влегува. Злоупотребата на вонредната состојба за партиски цели е на дело.

Владата склучи договор со анонимна, тукушто основана фирма за користење два хеликоптери за кризни ситуации. Вредноста на тој тендер е 72 милиони евра. Нема најава дека тој договор се раскинува за да се заштеди бидејќи кризата ќе помине, а хеликоптерите ги нема, пари ќе требаат за подигање на фирмите и спас на вработените. Нема најава ни за укинување на Фондот за иновации и заштеда на 20 милиони евра. Нема најава ни дека Македонија се повлекува од учество на Евровизија, и заштеда по тој основ на повеќе од 300.000 евра, што се најмалку 20.000 тестери за корона вирус и плус пари за награда за лекарите и медицинскиот персонал кој се бори против заразата.

  

 

 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата