ОВА Е САМО ЗАГРЕВАЊЕ, Филипче вели - НАЈТЕШКОТО ЌЕ БИДЕ КОН КРАЈОТ НА АПРИЛ

22.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОВА Е САМО ЗАГРЕВАЊЕ, Филипче вели - НАЈТЕШКОТО ЌЕ БИДЕ КОН КРАЈОТ НА АПРИЛ

На прашање дали навистина нема ниту еден заразен од докторката од Кожната болница, Филипче за Детектор вели дека досега ниту еден од оние кои биле во контакт со неа немаат сиптоми  за заболување.

- Да нема ниту еден, во понеделник истекуваат 14 дена, кај некои и повеќе, сите ќе бидат тестирани, но ниту еден не се јави со симптоми, рече тој. Министерот Филипче не го објасни моделот по кој врши проценка дека нема заразени од директорката Нина Цаца бидејќи ако од вирусот, засега, нема заболени лица кои биле во директен контакт со неа кој е доказот дека некој од нејзината околина не го пренел вирусот понатаму. Во Скопје бројката на заразени токму оваа недела рапидно расте.  

Тој нагласи дека тешко е да се претпостави до кога ќе трае целата ситуација, но според некои сценарија, пикот на болеста се очекува кон крајот на месец април, каде секој ден ќе имаме нови и нови заболени, изјави Филипче.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата