За оние кои примаат помалку од 30.000 месечно, на пензионерите од четврток им пристигнуваат бесплатни пакети на домашна адреса

22.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За оние кои примаат помалку од 30.000 месечно, на пензионерите од четврток им пристигнуваат бесплатни пакети на  домашна адреса

Од вторник 700 волонтери од гратска управа на град Белград почнува пакување на пакети.

Заменик градоначалникот на Белград Горан Весиќ рекол дека во “Штарк арена“ моментално се одвива најголема логистичка операција во новата историја на Белград и додал дека деновите во арената ќе влезат сто шлепера со намирници.

“Од вторник 700 волонтери од гратска управа на Белград почнуваат пакување на пакети со најосновни намирници за пензионерите. Секој пакет ќе има по 11 производи и ќе биде тежок околу осум килограми“, рекол Весиќ , се наведува во соопштението на Гратската управа.

Додал дека пакетите ќе бидат испратени во центрите за социјална работа во гратските општини и дека 173.000 пензионери кои имаат пензија пониска од 30.000 динари, од четврток, во наредните десет дена оваа помош да ја добиваат на домашна адреса.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата