iPad Pro со Mini LED екран и натаму се очекува оваа година

21.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
iPad Pro со Mini LED екран и натаму се очекува оваа година

Apple пред неколку дена ги претстави своите нови iPad Pro таблет уреди, кои пристигнуваат со надградени процесори, повеќе RAM меморија, дополнителна камера и LiDAR скенер. Меѓутоа, компанијата во текот на 2020. година најверојатно планира објава на уште еден iPad Pro модел.

Според извештаите, Apple подоцна во текот на годината би можел да претстави iPad Pro со 12,9-инчен дисплеј, но би можел да имплементира mini LED технологија на екранот. Во споредба со ова, моментната iPad Pro линија користи LCD дисплеи.

Со оглед на тоа дека iPhone линијата користи OLED екрани, има смисла и таблет линијата да се префрли на LED технологија на екранот. Аналитичарот Ming-Chi Kuo je претходно исто така сугерираше дека оваа година ќе биде објавен iPad Pro од повисок сегмент, кој имплементира mini LED екран.

Засега не е познато кои уште измени би можел да ги добие наредниот iPad Pro, но таблетот би можел да се потпре и на новиот чиспет (најновите модели го користат A12Z чипот).

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата