Министерот Венко Филипче најавува дека земјава ќе порача одреден контингент на лекови од групацијата кинини против маларија, кои, како што рече, во комбинација со одредени антибиотици можат да дадат успех во лекувањето од коронавирусот. Тоа го покажале и некои публикации и светски искуства.
„Вчера бевме контактирани од меѓународното претставништво на една компанија во Европа, покажавме интерес да добиеме соодветна количина на лекови. Следната недела очекуваме одговор од ова претставниптво на таа компанија“, рече Филипче.

