Бројот на дијгностицирани лица од коронавирус во нашата земја е очекувано во пораст со појави на изолирани случаеви настрана од веќепостоечките кластери со кои сите досега дијагностицирани случаи се во корелација, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
Во текот на ноќта се потврдени 9 нови случаи со што вкупната бројка се искачи на 75 лица. Според местото на живење заболени има во градовите Скопје, Дебар Гостивар, Каварадрци, Штип и Охрид Состојбата на пациентите непроменета, пациентката во најтешка состојба е непроменета, а тројца со потешка форма на пневмонија, додека пак другите со лесна клиничка слика, потенцираше Филипче
Филипче истакна и дека пациентите во домашно лекување се со лесна и стабилна клиничка слика.