Понеделнички

А се лечи ли корона вирус со вазелин?!

14.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
А се лечи ли корона вирус со вазелин?!

Општата паника од корона вирус ја зафати и Македонија која, отсекогаш, ги следела трендовите дури и кога не ги разбирала. Како и еуфоријата за Европска унија кога ни 5% од Македонците не знаат што значи членство во ЕУ освен дека со свој пасош може да се работи во Германија, што значи нов масовен бран бегање од тука, и тоа на најквалитетниот кадар. Така е и со корона вирусов. А стравот е најсилно оружје на диктаторските режими, особено хибридните како нашиов.

Штом судбината на нацијата е во рацете на министерот Венко Филипче и Заев стравот се дуплира и не знаеш што те плаши повеќе, вирусот или тие. Затоа, верувај во себе, чувај се себе и блиските и не очекувај многу. Еднаш ќе помине.

Откако корона вирусот се појави во Македонија, на 26 февруари, до денес се откриени 18 случаи. Во околината работите стојат вака: Босна со 18 заболени, Бугарија со 37, Албанија 38, Србија 46, Грција со 228 заболени. Црна Гора се уште нема заболени. Смртни случаи до денес има еден во албанија, три во Бугарија и пет во Грција. Експертите велат дека ова е почетна состојба, а главниот бран се очекува во наредните 30 дена. Ние имаме избори за еден месец, на 12 април, во најлошото.

Владата, преку Венко Филипче, за почеток презема мерки на превентива – изолација на социјалниот живот. Не работат градинки и школи, факултети. Кафани нема, нема концерти и спортски натпревари, нема свадби... Тоа, од јавноста која преку ноќ е парализирана од страв, беше прифатено. Низ Европа мерките за превентива се полабави но, да речеме дека нашиве се во ред.

Оваа мерка на Венко Филипче, со ограничување на движење и социјален живот  е најлесна и најевтина. Просто, даваш забрана и чекаш резултат, а во меѓувреме не преземаш ништо друго. Затоа што не ни имаш што и со што да преземеш.

Министерот Венко Филипче не дава одговор што се планира и што ќе се преземе наскоро, кога процесот на зараза ќе се прошири како што тврдат европските експерти. Кога кризата навистина ќе настапи. Според она што го гледаме – не очекуваат тешки денови ако кризата се прошири бидејќи владата нема ниту план ниту средства за справување со корона вирусот. Ништо не зависи од неа.

Од министерот дознавме дека се располага со осум респиратори, апарати за вештачко дишење, кои се основна алатка за помош на тешко заболените од корона вирусот. Замислете, само осум апарати има оваа држава за таа намена! Да погледнеме каква е состојбата кај комшиите, држави слични на нас по култура и економска моќ.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ уште на почетокот на кризата објави дека Србија има 1.080 респиратори и нарачале нови, дополнителни. До детал објасни на кои клиники колку кревети се чуваат за заболени од корона вирусот и дека ќе го следи искуството од Германија, да се ангажираат пензионирани доктори од соодветните клиники во време на кризата. Србија, со отварање на кризата, трајно ги зголеми платите на здравствените работници за 10% и додели по 4.000 динари помош за пензионерите. Албанија објави дека медицинскиот персонал за кризните потреби ќе добие по 1.000 евра месечно, и објави податоци за капацитетите и детали од планот за деновите кога заразата ќе ескалира.

Министерот Венко Филипче и владата немаат план. Немаат респиратори. Немаат доволно медицински кадар. Немаат екипи за интервенција на терен, и ако тргне кризата масовно ова ќе го гледаме на секој чекор. Здравствените работници немаат соодветна заштитна опрема туку користат обични маски за молери. Читам, во Прилеп болницата нема средства за дезинфекција, во Гостивар немаат ни доволно маски... Нема ништо што може да го намали стравот, да има доверба кон властите дека знаат и умеат да се справат со ситуацијата. Напротив. Има само забрана за движење, а се друго е нашата самодисциплина и – како ќе даде господ.

Министерот Филипче вели дека користи искуства од Италија. Е па, добар му е изборот. Италија настрада повеќе од Кина и Иран. Во Италија најмногу се умира затоа што медицинскиот систем се покажа лош, колабираше. Нема медицински персонал, нема кревети ни респиратори за болните па лекарите на лице место одлучуваат кој ќе биде примен и лечен, а кој ќе биде препуштен на судбината. Тешко болни на другите клиники умираат како снопови затоа што респиратори и лекари од кардиологии и шок соби се селат во заразните одделенија. По се изгледа, Венко Филипче ќе го примени италијанското искуство и кај нас.

Како што реков, најлесно е давањето забрани за движење и собирање. Седнуваш, смислуваш забрана и после – кому иде. А главното следи допрва, и не се решава само со забрани туку со организација, посветеност, технолгија и работа што е слаба точка на оваа влада. Државни функционери, како директорката на кожната клиника, патувале во кризни подрачја и се вратиле заболени од корона вирус, потоа не го пријавиле тоа се додека не се развила болеста. За 8-ми март од државната администрација шетаа низ Италија.

Но, заболувањето од корона вирус не е единствената закана и страв. Мерките за забрана кои ги нареди владата за превентива создаваат и тешки економски последици. Во Србија се формирани две стручни комисии: едната за справување со корона вирус која ја предводи премиерката Брнабиќ а втората за економските последици која ја предводи претседателот Вучиќ. Сметаат дека двете закани се равноправни. Европската централна банка објави серија мерки за помош на фирмите и домаќинствата погодени од корона кризата. За нас тоа не е тема.

Со намера да создаде силен пропаганден ефект на строгост и држење на ситуацијата под контрола Венко Филипче нареди затворање на градинките и школите и наредба до фирмите да дадат отсуство на еден родител да се грижи за тие деца кои мора да останат дома. На прва, ова изгледаше логично. Но, германските фирми во Македонија го прашаа: а кој ќе плати за тоа? И, ден по прашањето Венко Филипче и владата го сменија ставот, од наредба за ослободување на родител од работа се дојде до – совет до фирмите. Односно, дека фирмите немаат обврска за тоа, туку ако сакаат добро, ако не никому ништо.

И повторно стана јасно. Владата нема ни план ни кадар да се справи со кризата. Економските последици, според една Германија на пример, ќе бидат и потешки од здравствените. Наредбата на владата за изолации и ограничувања е на сила, но барем 60.000 луѓе во над 3.000 фирми ќе имаат големи загуби од тоа. Кој ќе остане без плата, кој без работа а фирмите нема од каде да ја платат загубата. Владата нема ни намера да размислува за ова, а камоли да има решение.

Дали владата нема пари за луѓето и компаниите кои ќе имаат загуби поради нејзините мерки и забрани? Владата има пари. Ако имаше милион евра годишно да дава за хомосексуалците на кои им подари вазелин за безболен секс, мора да има и за вакви кризни времиња. Држава која има 1.736 службени возила има само осум респиратори за корона вирус! Ако Фондот за иновации за три години доделил 60 милиони евра за партиските медиуми, фирми, лажни иноватори и слично, мора да има и за ова. Но, што да се очекува од влада која плаќа промена на пол, а не плаќа стент за срцеви болни, освен ако болниот не е веќе во фаза на срцев удар.

И дојдовме до злоупотреба на ситуацијата, до политиката и изборите. Како кец на десетка му дојде кризава на Заев и на СДСМ. Тој веќе изјави дека нема причина изборите да се одложат. Се забранија политички собири пред избори со што се уби емоцијата на гласачите и артикулирање на политичкото расположение. Стравот стана најважна тема, се заборава што ќе биде после стравот и кризата. Сите овие мерки на владата битно ќе влијаат на мала излезност која секогаш е во полза на власта. Корона вирисот треба да донесе пратеници за СДСМ.

И така ќе биде, доколку имаме среќа и Господ не чува од пошироки зарази и смртни случаи. Но, ако заразата се прошири народот ќе стане гневен и паничен и ќе гласа против власта која ја загубила контролата над ситуацијата. Е, тогаш, СДСМ со Заев и Пендаровски ќе бараат одложување на изборите и тоа на подолг период, од месец дена па нагоре, за да се заборави на се.

Тој што за потреби на избори ги злоупотребил трагедиите на Смилковско езеро, на Мартин Нешковски, малата Тамара или Никола Младенов... па уште кога ќе се сетиш дека овој истиов Венко Филипче објавуваше слики како лажно ја вакцинира внуката... злоупотребата на корона вирусот му следи како логичен ред.

(14.03.2020)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата