Мицкоски: ОДЛАГАЊЕТО НА ИЗБОРИТЕ никој не го ни спомна

12.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: ОДЛАГАЊЕТО НА ИЗБОРИТЕ никој не го ни спомна

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба во Владата за коронавирусот, кажа дека не се разговарало за одложување за изборите. Тој кажа дека ќе има алтернативно водење кампања, односно, нема да има митинзи додека е активна забраната за собири

„Не се разгледа можноста да одложување на изборите. Она за што го разговаравме е да имаме преадаптирање на изборната кампања. Немаше разговор по таа тема за одложување. Ќе имаме алтернативен начин за водење на кампањата, како одење од врата на врата, социјални медиуми, преку мас-медиумите. Препораките од Владата и забраната се активни, мора да се почитуваат. Не може да се делува волонтеристички. Се додека има забрана ќе нема митинзи“, рече Мицкоски.

Средбата рече дека е од информативен карактер, но, сите партии се договориле да доставуваат предлози за заштита и превенција од ширење на коронавирусот.

„Имавме лидерска средба на која разговаравме за моменталната стиуација со короанвирусот. Тие не запознаа со мерките, препораките, забраните, повеќе беше од информативен карактер. Се договривме да продлжиме ако треба така да биде и во наредниот период. Истовремено, политичките партии може да доставуваат сопствени предлози за заштита и превенција од ширење. Средбата беше од информативен карактер, отколку за политички теми“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Владта треба да направи план за економските последици од коронавирусот, кои ќе настанат по справувањето со оваа ситуација.

„По основ на навигацијата од светот, Македонија не може да биде имуна на тоа да има последици по економијата. Буџетот и економијата ќе почуствуваат последици. Потребни се мерки, а од Владата не информираа дека ќе имаат средба за ова прашање“, додаде Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата