Авторитетиот германски весник „Билд“ денеска излезе со информација дека нашиот репрезентативец Филип Кузмановски е голема желба на бундеслигашот Хановер.
23-годишниот Кузмановски минатото лето се пресели во Германија во редовите на Магдебург, а оваа година има само повремен статус на првотимец во тимот.
За Магдебург се вели дека е дури и подготвен да ја заврши соработката со Кузмановски, дури и да му дозволи да си замине како слободен играч. Останува да се почекаат контактите и да се види дали навистина Хановер е подготвен да го донесе Кузмановски како новоз асилување во тимот.
Olsens Nachfolger – Magdeburgs Kuzmanovski nach Hannover? https://t.co/gVtcUpPGZV
— BILD (@BILD) March 9, 2020