Марко Грубниќ (37) беше домаќин на раскошна роденденска забава за своето куче Померанецот Каспер, а исто така напиша и посвета на Инстаграм по тој повод.
Имено, миленичето на познатиот хрватски стилист, познат како партнер на Боки13, наполни пет години, што му даде можност на Марко да му направи прослава. Грубниќ му стави круна на главата на своето куче и подготви свеќи и постави балони.
„Денес, кралот на моето срце слави петти роденден. Мојот најмил пријател со четири нозе, ми донесе насмевки и ми вади солзи. Како можам некогаш да ти се заблагодарам?!?“, напиша Марко.
Тој додава дека Каспер е неговата вистинска радост и среќа.
„Никој досега не ме сакаше безусловно и колку ти. Ти внимателно го следиш секој мој чекор и ме водиш да верувам дека Самиот Бог те испрати да се грижиш за мене. Бидејќи си најчиста душа во мојот живот, јас навистина те сметам за мој ангел. Не можев да посакам подобар пријател од тебе, Каспер “, напиша стилистот.
Кога ќе се разгледа профилот на Марко Грубниќ, не може да не се забележи истата естетика која ја прикажува тој, како што ја прикажуваше и Боки 13. Впрочем, хрватскиот пријател на Боки 13, исто како и Јовановски, сака скапи брендирани облеки, екслузивни патувања, луксуз и пари.
Во јуни 2019 година, Боки 13 ги објави заедничките слики со Модни Мачак, но и Марко Грубниќ ги објави на својот инстаграм профил.
Според тие слики, тие двајцата уживаа во Загреб, но и во хотелот Еспланде, кој важи за најлускузен во цела Хрватска.
Хрватскиот портал 24сата тогаш пишуваше дека Марко Грубниќ уживал со ексцентрикот од српските ријалити шоуа во Загреб.
Грубниќ ги избрша овие слики откако Боки13 беше уапсен, но обвинителството за огранизиран криминал пронајде дел од нив во телефонот на Боки.
Во обвинението кое го поднесе Вилма Русковска за Рекет, наведено беше дека Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски, тројцата обвинети се товарат дека од ноември минатата година до април годинава од Јордан Камчев извлекле 1.550.000 евра со цел да ја олеснат неговата позиција во предметот „Империја“ кој го води Специјалното јавно обвинителство. Во досегашната истрага дел од парите се пронајдени, а дел Бојан Јовановски ги потрошил на скапа гардероба, патувања и ексклузивни одмори. Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба, а двоецот Боки 13 и Кичеец за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“.
На една од снимките кои беа објавени на јутјуб за тоа каде завршиле парите од Рекет, еден глас објавува детали: „Кај идел со тој куфер?“, на што сведокот одговара „Во Загреб, во Италија, по к*****..“
Подоцна, обвинителката Вилма Руковска потврди дека 180.000 евра од “Рекет“ се потрошени во Милано за еден викенд, но никаде не споменува што, како и зошто правел Боки 13 со Модни Мачак во Загреб, за што постојат докази дека престојувале во најлуксузниот хотел Еспланде.
Всушност, во целите истраги за случаите “Рекет“ и “Меѓународен сојуз“, сеуште нема никаква информација од македонските истражни органи за тоа: кој е бизнис партнерот на Боки од Хрватска со кого го правеле истиот проект со старечките домови и во Хрватска.
Нема информација кое лице од Хрватска му префрлало на Боки стотици илјади евра во континуитет на нерезидентна сметка во една македонска банка во периодот од крајот на 2013 до крајот на 2017 година, многу пред случаите “Рекет“ и “Меѓународен сојуз“, и каква е улогата на тоа лице во овие случаи“.
Дали станува збор за Марко Грубниќ или некое друго лице по име....?
The beauty you see in me is a reflection of you. 😉
A post shared by Marko Grubnic (@markogrubnic) on