Мицкоски до Заев: Се возите во тоа на М, опкружен сте со луѓето на Груевски, опседнат сте со него (ВО ЖИВО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски до Заев: Се возите во тоа на М, опкружен сте со луѓето на Груевски, опседнат сте со него (ВО ЖИВО)

-Господине Заев се возите во мерцедесот на Груевски, тоа на М се сеќавате. Седите во барокната фотелја и во неговиот кабинет, седевте до скоро, се надевам дека нема да ја имате повторно таа можност и граѓаните се надеваат дека ќе ја нема таа можност. Господине Заев опкружени сте со соработниците на Груевски, официјално и неофицијално тие што се во вашиот скут. Вие сте опседната со Никола Груевски, оставете го Никола Груевски, ајде да зборуваме за тоа што е тема, ова го упати Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешниот дуел на Зоран Заев.

Мицкоски во своето гостување порача дека треба да се зборува за реформите во судството затоа што без квалитетни реформи во судството, без квалитетни обвиненија, без квалитетни пресуди не може да се  оправдат  постоењата во политиката.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот дуел со Христијан Мицкоски рече дека исто како да го слуша Груевски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата