ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Со шамари, закани и навреди нападнати инспектори кои запленувале цигари на пазарот во Тетово

27.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Со шамари, закани и навреди нападнати инспектори кои запленувале цигари на пазарот во Тетово

Во видео објавено на социјалните мрежи, се гледа како едвај жива глава спасуваат пазарните инспектори во Тетово, во обид да запленат цигари кои се продаваат нелегално.

Видеото, според расположивите информации е направено на 21 фебруари 2020 година. 

- Кој си бе, ти, лопови, кој си бе ти...(бам шамарот)..еве го Заев, се слуша на видеото, на кое јасно се гледа дека инспекторите едвај живи извлекуваат од местото каде се нелегално се продаваат цигари.

Месноста е пазарот во Тетово. 

Во заедничка акција на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Царинска управа кај зелениот пазар во Тетово се одземени режан тутун и цигари кои нелегално се продавале.

При акцијата  инспекторите на двете институциите биле физички попречувани и напаѓани од страна на нелегалните продавачи, соопштија од Инспекторатот.

– Во Тетово спроведовме акција за сузбивање на сивата економија односно нелегална продажба на акцизна стока. Во акцијата одземени се 89 килограми режан тутун и 415 кутии со цигари. При спроведувањето на акцијата инспекторите се физички попречувани да ги одземат тутунот и цигарите. Дел од продавачите физички ги нападнале и ги вратиле назад дел од одземениот тутун и цигари, соопштија од Државниот пазарен инспекторат. Иако биле нападнати инспекторите поминале без повреди, соопштија од ДПИ

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата