Се очекува невреме: Граѓаните вечерва да не се движат и да не паркираат под дрвја

27.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се очекува невреме: Граѓаните вечерва да не се движат и да не паркираат под дрвја

Градот Скопје попладнево испрати апел граѓаните да бидат внимателни, поради најавите за повторни врнежи и силен ветер.

Согласно најавите од УХМР и можноста за повторни врнежи на дожд и засилен ветар во текот на денешниот ден, апелираме до граѓаните: да избегнуваат движење по патеки покриени со дрвја, како и да избегнуваат да ги паркираат своите возила во близина на дрвја.

Екипите на Град Скопје ја следат состојбата на терен и истите се подготвени да интервенираат за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата