Денеска ќе се исплатат субвенции на 3.213 сточари

24.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денеска ќе се исплатат субвенции на 3.213 сточари

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на селото Дихово од каде што ги известија сите одгледувачи на овци дека денеска ќе се изврши исплата на субвенции за обележани грла.

На сметките на 3.213 сточари, одгледувачи на овци, ќе бидат исплатени 607.032.300 денари, а, како што информираат од ресорното министерство, пред точно една недела беа исплатени субвенциите наменети за одгледувачите на говеда.

„На сите сточари им благодарам за активниот придонес за развојот на сточарското производство и се надевам дека средствата од субвенциите ќе ги инвестираат во набавка на нови грла, набавка на потребна опрема за производство и сè она што им е потребно за да го развиваат сточарството“, изјави министерот Димковски.

Во следниот период, според календарот за исплата, ќе продолжи исплатата на субвенциите за останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка, односно ќе следуваат исплати на субвенциите за одгледувачите на кози, свињи и пчели.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата