Во куќа во кумановското село Романовце денеска претпладне настанал пожар при експлозија на плинска боца.

Според првичните информации од МВР, три лица починале на лице место, а шест завршиле со тешки повреди. Тие биле префрлени во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите ќе бидат однесени во Ургентниот центар во Скопје.

Во моментов увид на терен прават јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Најчитани вести