Фолк дивата Светлана Ражнатовиќ Цеца беше една од уапсените во акцијата „Сабја“, а на 17 март 2003 година беше уапсена и осудена на затворска казна.

– Мислев само на моите деца. Моите родители успеаја да ги чуваат моите деца од медиумите, за да не читаат разно разни лаги за својата мајка. Тие со години подоцна мислеа дека тие 121 ден поминати во затвор, дека сум била на турнеја во Америка“ изјави тогаш Цеца.

Сепак, лошите сеќавања за момент ги врати српскиот политичар Чедомир Јовановиќ кој беше виновен за нејзиното апсење во акцијата Сабја, по убиството на српскиот премиер Зоран Џинѓиќ. Во тоа време тој беше потпретседател на владата, па медиумите пишуваа дека инсистирал фолк дивата да биде задржана во притворот и тоа во нехумани услови. Цеца ваквите наводи не сакаше да ги потврди, но истите никогаш ги нема ни демантирано.

Имено, пред неколку години, Чеда Јовановиќ објави и фотографија од Цеца направена во затворот, јасно ставајќи до знаење дека пејачката своевремено била зад решетки и дека има дамки во минатото. Монтажа или не, неговата порака беше јасна, а Цеца ова никогаш нема да му го заборави.

Јас мојата голгота ја поминав. Ме уапсија и ме ставија во затвор подолго од било кој мафијаш. Оние кои тоа ми го направија мене и на моите деца совеста им е најголема казна, беше единственото нешто што Цеца го кажа за тие 121 ден што ги помина зад решетки поради обвинение дека е во контакт со земунскиот клан и затајување на данок во ФК „Обилиќ“ што го наследи од својот сопруг, Жељко Ражнатовиќ.“ изјави Цеца

Најчитани вести