Емина Јаховиќ, наводно, се кае што се развела од Мустафа Сандал, со кој се омажи и заедно имаат двајца сина, Јаман и Јавуз. Во своето прво интервју по помирувањето, таа посочува дека двајцата се повторно неразделни, две години по нивниот развод и дека нивниот сегашен однос може да послужи како пример.

Две години по разводот, двајцата сме повторно неразделни. Ако не се слушнеме или се видиме еден со друг за еден ден, веднаш се грижам дека му се случило нешто лошо. Имаме убава врска, мислам дека можеме да дадеме добар пример за другите како да функционираат “, започна таа.

На прашањето дали во родниот Нови Пазар ја осудиле за разводот, Емина рече:

„Претходно, кога растев во Нови Пазар, кога жената бараше развод многумина ќе ја осудеа и ќе испаднеше црна овца. Денес, тоа е поинаку, многу бракови не преживуваат. Сепак, синовите  Јавуз и Јаман поминаа низ траумата на нашиот развод. Жал ми е за тоа. Подобро би било да не се разведевме Мустафа и јас!

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Quality family time🎉 #happybirthdayyavuz @mustafasandal24 @yaman_sandal

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

Инаку  на 15 февруари 2018 година Јаховиќ поднесе тужба за развод, а од 6 јуни беше официјално дека таа и Мустафа повеќе не се во брак. Како што беше напишано во тоа време, се заврши за помалку од 15 минути.

Најчитани вести