ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ: Валдета и дала на тетка и 12 000 евра сите да ги погребе

21.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ: Валдета и дала на тетка и 12 000 евра сите да ги погребе

Новите информации кои албанските медиуми на Косово ги изнесуваат, откриваат дека полицајката Валдета Блаца, која со службениот пиштол ги усмртила родените браќа и родителите во Гњилане, во време меѓу убиството на блиските и нејзиното самоубиство, ја спречила тетка и и нејзиниот син да влезат во куќата и да ги затекнат телата. Да ги одврати од влегување во куќата, таа рекла дека членовите на нејзиното семејство се зафатени, а дека таа брза.

Валдета, која со по два истрела од пиштолот ги убила браќата Блерим (33) и Фисник (34), од кои едниот спиел, а потоа и родителите, мајката Ханифа (66) и таткото Зеќир (70), била сама со нивните тела во куќата неколку часа. Кога на вратата затропала нејзината тетка, Валдета плашејќи се дека ќе ги види телата на нејзините блиски, ја избркала велејќи дека домашните се зафатени, а дека таа брза. Ја затворила вратата, а кога тетка и и нејзиниот син почнале да се одлачуваат слушнале уште еден истрел. Тоа бил моментот кога Валдета си пресудила себеси. Веднаш повикале полиција која затекнала страшна глетка.

Порталот Репортери навел дека полицајката подолго време го планирала злосторството и наводно претходниот ден ја прашала тетка и колку чини погреб и наводно и дала 12.000 евра, не кажувајќи и за што се. Се испоставило дека тие пари наводно биле наменети за погреб на целото семејство. Во медиумите се појавила и информација дека на полицајката и било одземено оружјето, но дека таа кришум го зела во вторникот со цел да ја реализира својата намера.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата