Лепа Брена на Мајами поседува ВИЛА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ, а сега се пофали во каков РАЈ УЖИВА (ФОТО)

19.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лепа Брена на Мајами поседува ВИЛА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ, а сега се пофали во каков РАЈ УЖИВА (ФОТО)

Фолк дивата Лепа Брена отпатува во Мајами и се пофали на своите следбеници на социјалните мрежи со неверојатни фотографии.

Брена објавила фотографии од Мајами на својот Инстаграм, како ужива во прекрасната глетка која го одзема здивот опкружена со палми и морето околу неа.

Под сликата на пејачката, коментарите се нижеа, а многу следбеници и се заблагодарија за тоа што ги почести со прекрасниот призор од градот каде пејачката поседува луксузна вила.

„Го сакам Мајами“, напиша Брена.

Вилата на Лепа Брена во Мајами е вредна повеќе од 900.000 евра, а е 400 квадратни метри луксузен недвижен имот, и се наоѓа во боогата населба Мајами на морскиот брег.

Соседите на Брена и Боба се многу познати личности, а се проценува дека месечното одржување на ваков имот чини 2000 долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата