На Бојко Борисов никој не смее да му писне! Еве како се справува со неумни министри (ВИДЕО)

19.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Бојко Борисов никој не смее да му писне! Еве како се справува со неумни министри (ВИДЕО)

Бугарскиот премиер Бојко Борисов утринава се појави разгневен на средба со министрите, откако дознал дека жители на населени места во близина на Софија решиле да излезат на протест, откако дознале дека треба да плаќаат винетки (патарина) за да можат да одат на работа по обиколницата околу градот.

Каде е шефот на Агенцијата за патишта? Зошто ми правите така? Нели знаете дека бргу ќе се расправам со вас? Како може да ми го истерате народот на улица за таква глупост? – со овие зборови Борисов ја започнал средбата со министрите.

Ве прашувам, за да знам дали да ве ,,управам” уште денес. Многу бргу да реагирам сега, или после ручек? Тие луѓе гласаа ли за градоначалник на Софија? Гласаа! Какви винетки ќе плаќаат тогаш?

Сакам сега да отидеш кај сите тие луѓе во населените места и како гласник по три пати да викаш – Нема да има винетки!

Викаш по три пати, се извинуваш и се враќаш – му нареди Борисов на шефот на АПИ Георги Терзииски.

Ако веднаш не направите така, ќе зажалите – пресече бугарскиот премиер, по што Терзииски ја напушти средбата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата