ВАЛДЕТА НЕ МОЖЕЛА ПОВЕЌЕ: Си ги убила родителите и браќата затоа што и префрлувале што не е мажена!

19.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВАЛДЕТА НЕ МОЖЕЛА ПОВЕЌЕ: Си ги убила родителите и браќата затоа што и префрлувале што не е мажена!

Косовската полиција го истражува случајот на Валдета Блаца (45), припадничка на полицијата на Косово, која вчера го уби своето семејство, а потоа си пресуди и самата. Во домот во Гњилане, Блаца со службениот пиштол пукала во мајката Нанифа (66), таткото Зекир (70) и двајцата браќа Блерим (33) и Фисник (34).

Како што пишуваат албанските медиуми, мотивот за масакрот бил што на Валдета ѝ дошло преку глава префрлањето од страна на семејството што никогаш не се омажила. Наводно, роднина на семеството објаснил дека нерешениот брачен статус на Валдета бил причина за кавгата во семејството, зошто родителите и браќата често ѝ сугерирале дека треба да се омажи. Семејството немало материјални или други проблеми.

Валдета утрото се појавила накратко на работа, во полициската станица во Гњилане.

Нормално разговараше со колегите, ништо не навестуваше дека планира нешто. Попладнето замина дома, каде од засега непознати причини наводно се скарала со родителите и браќата, рекол извор за „Новости“.

Албанските медиуми пишуваат дека Блаца била лечена во психијатриска болница, од каде до полицијата стигнал допис да ѝ се одземе оружјето и да биде префрлена на друго работно место.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата