Филип Петровски најави кандидатура на претстојните претседателски избори

19.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филип Петровски најави кандидатура на претстојните претседателски избори

Филип Петровски од сабота ќе почне да собира 10 илјади потписи за неговата кандидатура на претстојните претседателски избори. Тврди дека зад него, односно зад „Македонија блокира“ стојат повеќе од 80 организации и целата македонска дијаспора.

Поништување на Преспанскиот договор, односно на промената на уставното име, поништување на двојазичноста, враќање на илинденските и асномските принципи како темел на основање на нашата држава, и вонредни парламентарни избори, се четирите клучни определби кои Петровски на денешната прес-конференција вети дека ќе ги исполни и нема да отстапи од нив.

–  Единствено со вакви тези, со овие столбови може да се победи марионетската власт на Заев. Во овој момент мислам дека и опозицијата е фингирана, договорена со Заев бидејќи Мицковски избра кандидат кој е близок на Бранко Црвенковски и е активист и учесник во левичарски движења, како и активист во рушењето на ВМРО – ДПМНЕ со професорските и студентските пленуми и со шарената револуција, рече меѓу друготоПетровски.

Одговарајќи на новинарско прашање со кого се ќе преговара за поддршка, информира дека преговара првенствено со членството на ВМРО – ДПМНЕ, а ќе понуди соработка со сите партии кои имаат заедничка цел, како што рече, да се сопре деструкцијата што забрзано се одвива и да се создаде вистинска опозиција што ќе има капацитет да победи на парламентарните избори

На прашањето дали со неговата кандидатура нема да се раситни опозицијата и ќе и се овозможи на власта полесно да дојде до победа, Петровски потенцира оти очекува целата опозиција да застане зад него и ќе му даде, рече, црвен картон на Мицковски затоа што ја раситнува опозицијата.

Петровски денеска обвини дека изборот на претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ во Струга бил однапред изрежиран од страна на Христијан Мицковски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата