Боки кај Катица, а Кичеец на журка во Охрид со три 25-годишни девојки!

17.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боки кај Катица, а Кичеец на журка во Охрид со три 25-годишни девојки!

Тајните агенти на МВР кои го следеле сега осудениот Зоран Милески, во Охрид го снимиле како тој и негов пријател одат на забава со три девојки на возраст до 25-години во клуб во Охрид. Ова денеска во судница го кажа јавната обвинителка Вилма Рускоска, читајќи ги доказите од тајно направените снимки за потребите на случајот „Рекет“, објавува Слободен Печат.

Во Скопје, пак, друга екипа за следење на МВР го следела Бојан Јовановски. Тој неколку пати бил во МНТ, во ресторанот „Лајт“, а за цело време бил совозач, додека возач му било машко лице на возраст од триесетина години.

Со возило „рејнџ ровер“, според тајните снимки направени од МВР за потребите на ОЈО, можеше да се види како Бојан Јовановски доаѓа и заминува од домот на неговите родители во населбата Тафталиџе 1, а бил снимен како се среќава со едно машко лице во скопско кафуле, бил снимен во „Рамстор“ во продавницата за накит „Ребека“ и во ресторан во Скопје.

На 1 јули лани, во попладневните часови Боки 13 е снимен како со возило „ленд ровер“ се упатува на улицата кадешто живееше обвинетата Катица Јанева, а бил снимен и на паркинг пред клиниката „Жан Митрев“ како разговара со машко лице.

Сите денешни презентирани мтеријалите се дел од посебните истражни мерки, односно тајно снимање. Според обвинителството, снимките се направени лани во јуни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата