Вечерва од страна на СВР Скопје, уапсен е активистот на СДСМ, Нафи Абдиоски познат како Полат, дознава Лидер.
Според Лидер Нафи треба да издржи 6 месеци казна затвор, а го товарат и за многу други дела.
На македонската јавност и е познат по тоа што е близок до Зоран Заев и СДСМ, а обожава да се слика со високи функционери како Оливер Спасовски и Стево Пендаровски и средбите да ги споделува на социјалните мрежи.
Нафи претходно беше во престој во Исланд каде што наводно бил азилант, а всушност како што објавија медиумите во Македонија бил баран за измама при купување на автомобил кој воопшто не го исплатил на сопственикот.
Извор: Лидер.мк