Европскиот првак Вардар и официјално без Даинис Кристопанс и Павел Атман ќе се соочи против Мотор Запорожје, денеска, 17:30 часот, во СЦ „Јане Сандански“.

Стевче Алушовски ќе смета на тројцата голмани, Гедбан, Кизиќ и Гогов, од младите Кукуловски и Карапалевски се во тимот, додека останатите имиња се од оној стандарден ростер, Стоилов, Димитриоски, Сикошек Пелко, Скубе, Калараш, Чупиќ, Дибиров, Горбок, Шишкарев и Горпишин.

Новитет е што Де Толедо за првпат ќе истрча пред домашните фанови во елитен меч.