Естонија е првиот противник на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство следната година. Дуелот против оваа селекција го играме на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ на 20-ти овој месец, билетите веќе одамна се пуштени во продажба.

Тамошните медиуми веќе не најавија, направија мини-анализа на нашиот состав.

„Македонија најдобрите резултати ги направи пред речиси една декада, на ЕП 2009 во Полска го освои деветото место, а две години подоцна на ЕП 2011 во Литванија заврши на четвртото место. Во тоа време во составот ги имаше Американецот, Лестер Бо Мекејлеб, Владо Илиевски и Перо Антиќ. 37-годишниот Антиќ по завршување на својата кариера стана претседател на тамошната федерација.

По два нови настапи на ЕП, оваа земја не успеа да обезбеди место на евро-шампионатот во 2017 година“, се вели во анализата на Естонците.

На стартот на овој текст, новинарите извадиле посебна статистика за речиси секој играч. Прво го претставиле Александар Тодоров, а како ударна сила на Македонија ги издвоиле Ненад Димитријеви, Шејн Витингтон, Војдан Стојановски, Стојан Ѓуроски, како и Дајман Стојановски и Бојан Крстевски.

Тие предупредуваат на Димитријевиќ и Витингтон, двајцата кошаркари кои настапуваат во АЦБ-лигата.