САД за воени потреби потрошиле ЧЕТИРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД КИНА

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД за воени потреби потрошиле ЧЕТИРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД КИНА

Глобалното трошење за одбрана порасна во 2019 година побрзо од која било година во претходната деценија, според студијата објавена денеска на конференцијата за безбедност во Минхен.

Трошоците за одбрана се зголемени за четири проценти од 2018 година, за 4,2 проценти во Европа, се вели во извештајот на Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS).

Воените буџети на тој начин достигнаа нивоа од пред финансиската криза во 2008 година, рече директорот на IISS, Џон Чипман.

Растот во Европа може да се припише на загриженоста од Русија и постојаните повици на САД до членките на НАТО да потрошат два проценти од својот БДП за одбрана, се вели во извештајот.

Воените буџети беа највисоки во 2019 година од страна на САД и Кина, што претставува раст од 6,6 проценти.

Инвестирањето во американската војска лани беше најголемо во последните десет години. Само зголемувањето на 53,4 милијарди долари ќе биде седмиот најголем воен буџет во светот, се вели во извештајот.

Во 2019 година САД најмногу потрошија на одбраната (684 милијарди долари), Кина (181 милијарди долари), Саудиска Арабија (78 милијарди долари), Русија (61 милијарди долари), Индија (60 милијарди долари), Велика Британија (54 милијарди долари), Франција (52 милијарди), Јапонија (48 милијарди), Германија (48 милијарди) и Јужна Кореја (39 милијарди).

Податоците на IISS покажуваат дека воените трошоци во Азија се зголемени за 50 проценти во последните десет години, од 275 милијарди во 2010 година на 423 милијарди во 2019 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата