Силјановска Давкова: Спасовски, среде ноќ, како во полициска држава го згази Уставот

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силјановска Давкова: Спасовски, среде ноќ, како во полициска држава го згази Уставот

Довчерашниот министер за внатрешни работи, сегашен технички премиер, среде ноќ, небаре во полициска држава, во името на Уставот, го згази Уставот. секој од нас има право на себе (само)идентификација, па и министерката. Никој не може да и нареди како ќе ја именува државата, реагира универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова.

На социјалната мрежа Фејсбук напиша дека Спасовски не кажал кој член од Уставот го прекршила министерката Мизрахи, зашто таков, според неа, нема.

-Не кажа кој член од Преспанскиот договор го прекршила министерката, затоа што не поминале пет години, ниту е отворено барем едно поглавје во преговорите. Таблата е наследство на Мила Царовска. Вечерва авторитарниот режим ќе добие диктаторска боја ако пратениците ја разрешат министерката Мизрахи, кршејќи го законот за влада. Техничкиот министер воведе вербален деликт. Пратениците не смееат да си заминат од Собранието „Титаник“. Вечерва некои пратеници мора да отворат пат за идното Собрание како „ ноев чун“!!, напишапрофесорката Гордана Силјановска Давкова.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата