„Кралот во Саленто“ како што го нарекоа италијанските медиуми голгетерот на Лече, Џанлука Лападула, наскоро би можел да заигра за фудбалската репрезентацијана Перу. „Кориере дела Сера“ пишува дека мајката на Лападула е родена Перуанка и тој поради неа може да ја прифати понудата да заигра за оваа јужноамериканска репрезентација.

Лападула оваа сезона има 9 гола на 18 натпревари во дресот на екипата на Фабио Ливерани, и деновиве бил во преговори со селекторот на Перу, Рикардо Карека за евентуален настап за Перу пред следното издание на Копа Америка кое е на 12 јуни.

Пред четири години, кога играше за Милан, напаѓачот го одби повикот на Перу затоа што имаше намера да игра за италијанската репрезентација, но никогаш не доби шанса да заигра за „аѕурите“.