Грузијскиот нисколигаш, Кварели Дуруи го има најверојатно најуникатниот терен на светот.

Ретко кој слушнал за овој клуб, но дефинитивно имаат и тоа како интересен амбиент во кој играат, поточно нивните натпревари се играат на терен, кој е веднаш до ѕидовите на средновековен замок.

Со оглед на тоа дека нема трибини околу теренот, публиката најчесто натпреварите ги следи или од ѕидините на замокот или, пак, се сместени на самиот терен.