Во меч без многу шанси, Вулверхемптон и Лестер одиграа нерешено – 0:0 во воведниот викенд меч од тековното 26. коло во англиската Премиер лига. Пред своја публика, „волците“ не ја искористија ниту предноста од играч повеќе во последните 15. минути, откако „лисиците“ останаа без „поцрвенетиот“ Чондури во 76. минута.

По ова реми Лестер останува трет на табелата со бод заостанување зад Сити, додека Вулверхемптон е седми со 36 освоени бода.

Standings provided by Sofascore LiveScore