Тотална доминација и убедлива победа за фудбалерите на Борусија (Д) на вечерашниот меч од 22. коло на германската Бундеслига. „Милионерите“ го „масакрираа“ Ајнтрахт со 4:0 и покажаа дека минатонеделниот неуспех во Леверкузен беше само момент на слабост.

Лусиен Фавре успеа да го врати победничкиот менталитет кај своите играчи, а овој пат и да не дозволи опуштање во одбраната, така што за првпат по подолго време, Борусија (Д) остана и со празна мрежа.

Домашните поведоа со голот на Лукас Пишчек уште во 33. минута, за предност на полувреме од 1:0. Главната сила „милионерите“ ја покажаа во вториот дел кога Санчо, Халанд и Гереиро погодија уште трипати за убедлив триумф и враќање на второто место на табелата.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore