Независните во договор со СДСМ поднеле 300 амандмани за законот за ЈО ?!

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Независните во договор со СДСМ поднеле 300 амандмани за законот за ЈО ?!

Осумтемина независни пратеници поднеле 300 амандмани за Законот за јавно обвинителство. Со ваквата бројка на поднесени амадмани, шансите за носење на Законот до утревечер се речиси невозможни со оглед дека не може да се разгледаат за еден ден.

Порталот Република пренесува дека целта на ова е или да не се донесе Законот или да се одложи носењето на истиот со цел одлагање на изборите.

Според изворите на Република со кои разговарале, велат дека постои реален сомнеж дека се работи за договор меѓу независните и власта за свесно одложување на изборите кои се закажани за 12 април, од причина што анкетите за рејтинг на партиите јасно кажуваат дека СДСМ би доживеала пораз на овие избори.

Извори на Република тврдат дека со независните за амандманите преговата Дамјан Манчевски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата